„Е ЗНАЕВ ДЕКА ЌЕ БИДЕ ВАКА.“

Пред извесно време, за еден наш клиент баравме раководител на продажба, односно директор на продажба.

Кандидатот на прв поглед изгледаше одлично.

  • Голем интерес.
  • Многу енергија.
  • Добар настап.
  • Она чувство: „Тоа е тоа.“

Но, по направената PPA анализа се покажа образец кој не беше толку лесно да се забележи на интервјуто. За тоа го информиравме и сопственикот.

Лицето може на почетокот да покаже исклучителна ангажираност, да остави силен прв впечаток и да создаде вистински WOW ефект.

Но подоцна, енергијата, стабилноста и резултатите можат значително да паднат.

И иако ова не беше првпат во неговата кариера, токму првиот впечаток е она што во ваков случај „продава“.

Кога подоцна некој ќе ви каже:

„Па, тоа се знаеше и порано. И претходно го правел истото.“ – сè изгледа многу едноставно.

Но кога тоа се случува во вашата компанија, приказната е сосема поинаква. Ова лице ја напушти компанијата по приближно една година.

Што остана зад него? Пред се:

  • Исплатени плати.
  • Исплатени бонуси.
  • Потрошено време за воведување во работата.
  • Потрошено време на менаџментот.
  • Потрошено време на колегите.

И пред сè, драгоцено време на луѓето кои веќе одлично си ја познаваат работата. А покрај тоа останува уште нешто што е многу потешко да се измери.

Влијанието врз тимот.

Некои веќе почнаа да зборуваат:

Ти кажав, нема да ни успее.“

„Нема смисла.“

„Што воопшто да направиме?“

Погрешната кадровска одлука затоа не е само трошок за еден вработен. Може да стане трошок за целиот тим.

PPA анализата не е волшебно решение и не одлучува наместо вас.

Но, таа е многу корисна дополнителна алатка која, заедно со искуството на нашите соработници и партнери, ви помага при важните кадровски одлуки да не талкате во темница.

  • Затоа што CV-то кажува што работел човекот.
  • Интервјуто покажува како знае да се претстави.
  • А ние сакаме да разбереме и како ќе функционира кога ќе помине првичниот WOW ефект.

 P.S. Како да ја усогласите продажната стратегија со луѓето кои ја спроведуваат е и една од централните теми на моите тренинзи и семинари.

Вашиот интерес за пријава на еден од семинарите во септември и октомври 2026 можете да го изразите спо едноставен одговор на овој е-маил.

 

BE DO HAVE е пристап кој креира долгорочни продажни ефекти и долгорочна соработка со вашите продажни тимови.„

 

Драган Шибанц
CEO PSD | Sales & HR Strategist

in | Executive director of the MAK-SLO Business Club | Health and Wellbeing Promoter | Translation & Localization